Раководството на Лацио е во преговори со фудбалерот Сергеј Милинковиќ-Савиќ за продолжувањето на договорот.
Како што објавија италијанските медиуми, римскиот клуб сака да постигне договор со Србинот до 2023 година. Освен тоа, клаузулата за откуп на 23-годишниот Србски фудбалер ќе се зголеми на 150 милиони евра.
Ова лето интерес за играчот имаше од Реал Мадрид, ПСЖ, Јувентус, Милан, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, но бараните 120 милиони евра од претседателот на „орлите” Клаудио Лотито ги откажаа европските гиганти.
Во минатото сезона Милинковиќ-Савиќ играше 48 натпревари за Лацио и постигна 14 гола со 9 асистенции.