Најдобриот фудбалер во Манчестер Сити во претходната сезона – Кевин де Бруин, претрпе тешка повреда на коленото за време на денешниот тренинг.
Информацијата се појави во весникот „Сан“ кој пак, ја цитира независна веб-страна – „CIty Watch“. која се полни со вести поврзани со клубот на „Eтихад“. Во информацијата нема потенцирано колку време интернационалецот од Белгија ќе мора да се опоравува од повредата.
Де Бруин во првиот сезонски меч во Премиер лигата на теренот на Арсенал влезе како резерва. Тој поради настапот на Мундијалот во Русија во текот на летото, доби подолг период за одмор во однос на поголемиот дел од другите фудбалери на „граѓаните“.