Домагој Вида кој со селекцијата на Хрватска го освои второто место на фудбалскиот Мундијал во Русија и понатаму користи слободни денови.
Тој беше виден заедно со неговата сопруга како конзумираат алкохолен пијалок во еден познат ресторан. Фудбалерот на турскиот Бешикташ е оженет за поранешната манекенка и МИС на Хрватска за 2014 година, Ивана.
Корпулентниот фудбалер стана хит за време на Светското првенство во Русија бидејќи секоја победа ја прославуваше со обилно количество на пиво а се тоа беше постирано и на социјалните мрежи.