Поранешниот тренер на фудбалската репрезентација на Португалија, Пауло Бенто, е назначен за нов селектор на Јужна Кореја.
49-годишниот стратег потпиша четиригодишен договор со Корејската фудбалска асоцијација со надеж дека ќе обезбеди пласман на следното СП и таму ќе го подобри пласманот на репрезентацијата, која не се прослави на СП во Русија.
Бенто доаѓа на местото на Шин Тае-Јон, кој замина по Мундијалот во Русија.