Уругвајскиот напаѓач од екипата на ПСЖ, Едисон Кавани, се врати на тренинг. Како што потврдија од клубот, 31-годишниот фудбалер кој беше повреден на 30 јуни во победа на Уругвај со 2-1 против Португалија на СП во Русија, повторно е во тренажен процес,.
Во сабота ПСЖ е домаќин на Анжер во третата рунда од францускиот фудбалски шампионат, но останува неизвесно дали Кавани може веднаш да се најде во стартниот тим.
Минатата сезона Уругваецот одигра 43 натпревари на ПСЖ на сите турнири и постигна 37 гола.