Македонската одбојкарска репрезентација, вечерва (20.30 ч.) во СРЦ „Кале“ ќе го одигра и третиот меч од квалификациите за европското првенство. Нов противник е селекцијата на Швајцарија, која по првите две кола двапати беа поразни.
Македонија почна со победа и пораз, па доколку сака да ги задржи шансите за второто место во групата денеска не смее да дозволи да загуби ниту бод. По поразот од Украина на домашен терен сега сме со исто бодовно салдо како и Унгарија.
Македонија на хартија важи за благ фаворит, но одбојкарите ќе треба тоа да го потврдат и на теренот.