Барселона ќе направи обид во завршните денови од летниот трансфер период да го донесе во своите редови младиот репрезентативец на Франција, Адриен Рабио од ПСЖ. Каталонците се подготвени да извадат 50 милиони евра за правата на 23-годишниот играч.
Претходно, вакви информации беа објавени и во францускиот печат, а сега полека се зголемуваат гласините и во Шпанија. Некои весници истакнуваат дека пред неколку дена имало средба меѓу техничкиот директор на Барса, Ерик Абидал и мајката на Рабио.
Договорот на младиот фудбалер со ПСЖ истекува следното лето, а тој одбива да го продолжи договорот.