Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо, кој во текот на летово го напушти Реал Мадрид и се пресели во редовите на Јувентус, откри зошто ја промени средината.
„Никогаш не очекував дека ќе играм за Јуве, но, работите дојдоа по природен пат. Во Реал направив многу нешта и освоив се што можев.Таму имам многу пријатели, но, навистина немав проблем да ја донесам одлуката да си заминам“ – вели Роналдо кој се насочи и кон новиот предизвик.
„Многу сум среќен во Торино, имаме добар тим и пријатно сум изненаден од темпото на работа. Тука сум опкружен со професионалци и затоа верувам во успех“ – нагласи Кристијано