Фудбалерот на Барселона, Рафиња, кој во изминатата сезона настапуваше како позајмен во италијанскиот состав Интер, повторно ќе биде надвор од „Камп Ноу“ и од плановите на тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде.
Откако „нероаѕурите“ проценија дека не им треба Рафиња и одбија да го откупат неговиот договор во текот на летово, Барселона се определи да го испрати Рафиња повторно на позајмица и тоа во екипата на Бетис.
Клубот од Севилја кој ќе ја покрие целата негова плата, ќе добие можност на крајот на сезоната да му го откупи договорот за скромни 25 милиони евра.