Германскиот елитен состав, Борусија (Дортмунд), е најблиску да го обезбеди потписот на напаѓачот на Барселона, Пако Алкасер, тврдат различни информации во шпанските медиуми.
По се изгледа дека 24-годишниот напаѓач нема да остане на „Камп Ноу” бидејќи неговото име се поврзува со можен трансфер во Порто или Бетис. Последните информации велат дека Борусија (Дортмунд) започнала преговори за ангажирање на голгетерот и дека двата клуба набрзо може да најдат заедники јазик.
Алкасер во 2016 година за 30 милиони евра ја напушти Валенсија и потпиша пет годишне договор со Каталонците. За нив одигра 50 натпревари на кои постигна 15 голови. Алкасер за Шпанија има реализирано 13 мечеви и 6 погодоци.