Екипата на Шкупи кој вчера беше сензационално елиминирана од фудбалскиот Куп на Македонија, денеска остана и без тренер. Зекирија Рамадани си поднесе оставка а тоа го објави и на неговиот профил на социјалната мрежа – „Фејсбук“.
„Сакам да соопштам дека поднесувам оставка. Благодарност на раководството за поддршката, на фудбалерите и на сите наши навивачи. Многу успех на Шкупи во иднина“ – напиша Рамадани.
Шкупи вклучувајќи го и двомечот со Глазгов Ренџерс во квалификациите за Лига Европа не успеа да забележи победа на стартот на новата сезона. Во Шкотска загуби со 2-0 а дома одигра без голови. Потоа дојдоа мечевите од првенството со Силекс(1-1) и со Победа (0-0) а вчера и неочекуваниот совладан од екипата на Кит-Го во 1/16-финалето на Купот.