Македонскиот фудбалски шампион Шкендија загуби убедливо на првиот меч од плеј-офот во Лигата на Европа на гостувањето кај Розенборг со 3:1 и останува со мали шанси на реваншот во Скопје.
Тренерот Ќатип Османи и покрај поразот верува дека македонскиот првак може да ја надополни негатива и да се пласира во групите.
„Судејќи според играта, мислам дека Шкендија заслужи подобар резултат. Дадовме гол, тоа ни дава надеж дека на реваншот можеме да се квалификуваме во групите на Лигата на Европа. Не очекува историски натпревар во Скопје и ќе се обидеме да ја надополниме негативата“, изјавил по мечот стратегот на тетовци.