„Кориере дело Спорт објави дека италијанскиот фудбалски состав Интер не се откажал од намерата да го ангажира фудбалерот на Хрватска и на шпанскиот состав, Реал Мадрид , Лука Модриќ.
Наводно, „нероаѕурите“ во јануарскиот траснфер период ќе се обидат да дојдат до потписот на искусниот плеј-мејкер иако првиот човек на Реал, Флорентино Перез, најави дека ќе го пријави Интер во УЕФА бидејќи преговара со играчот без дозвола на тимот.
Како стојат работите, Интер нема да попушти и затоа ќе се обиде да го убеди Модриќ да се пресели во Милано и да биде во друшто со неговите репрезентативни колеги, Иван Перишиќ, Марсело Брозовиќ и Шиме Врсаљко.