Првиот противник на македонската фудбалска репрезентација во новото репрезентативно натпреварување УЕФА Лига на Нации, селекцијата на Гибралтар веќе го објави списокот на повикани фудбалери за дуелот закажан на 6 септември.
Селекторот на Губралтар, Хулио Цезар Рибас го објави списокот на фудбалери во кои најголемиот дел од играчите се аматери. Најголеми ѕвезди во составот се 29-годишниот напаѓач Рис Стич, кој го носи дресот на англискиот нисколигаш Дарлингтон, како и искусниот 30-годишен играч за врска Лиам Вокер, кој пред неколку сезони играше во англиски Портсмут и Нотс Каунти, а потоа и во израелското првенство во екипата на Бнеи Јехуда.


