Шпанските медиуми денеска излегоа со информација дека Нејмар се согласил да си замине од Париз и да се пресели во Реал (М). Според извори на „Фудбал Еспања“, 26-годишниот Бразилец се согласил на трансфер во Реал, а изворот тврди и дека агентот на Нејмар постигнал согласност за условите на личниот договор на напаѓачот.
Планирано е Нејмар да стане играч на Реал (М) следното лето, а за него Шпанците ќе платат 300 милиони евра. Тоа веројатно ќе биде нов рекорд меѓу фудбалските трансфери.