Играчот од средниот ред на парижани, Гонзало Гуедеш, најверојатно во последните денови од трансфер периодот ќе се пресели во Валенсија. Според информациите, 21-годишниот играч кој играше за „лилјаците“ и минатата сезона како позајмен играч сега може да остане на „Местаља“ со постојан договор.
Валенсија е во интензивни преговори со ПСЖ со надеж да го добие Гуедеш до 31 овој месец. Има план Шпанците повторно да го добијат фудбалерот на позајмица за една година, но сега со право на откуп на договорот за 40 милиони евра следното лето.
Со оглед на тоа што Тухел не смета на него, голема е веројатноста трансферот да биде реализиран, иако ПСЖ инсистира откупната клаузула следната година да биде 50 милиони евра.
