Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, се уште не е убеден дека е дојдено вистинско време за примена на ВАР-технологијата во Лигата на шампионите.
„Не сме сигурни за потребата на ВАР. Некои работи мораат да се разјаснат. Кој одлучува дали ќе се прегледува снимката, односно дали ќе се употреби ВАР? Навивачите тоа не го разбираат, ниту пак новинарите. Што гледаат судиите, а што не? Знаеме дека еден ден ќе биде неопходно да се прифати технологијата, но само тогаш кога е бидеме подготвени“, изјавил првиот човек на УЕФА.