КМФ Велес денеска ги започнува натпреварите на претквалификацискиот турнир за пласман во Лигата на шампионите. На премиерата во СЦ „Јане Сандански“, вечерва од 20 часот Велес ќе го има првиот дуел со екипата на Футсамбас Наас од Р. Ирска.
Во пресрет на дуелот, капитенот на нашиот шампион, Зоран Левески, истакна дека македонскиот првак има состав кој има искуство од вакви натпревари и затоа очекува добар настап.
„Прв пат како клуб учествуваме во претквалификациите за ЛШ, но имаме играчи со искуство кои настапувале во ова натпреварување. Од противниците мислам дека само екипата од Малта ќе ни преставува проблем, тие се подготвуваат 45 дена за овој турнир, имаат седум странски играчи и репрезентативци од Малта и тие ќе ни бидат најтешка задача. Последниот натпревар го играме токму со оваа екипа и ке биде решавачки“, смета Левески.
ФУТСАЛ, Претквалификации за ЛШ
Скопје, СЦ Јане Сандански
денеска, 1. коло:
17.30 Ла Валета (Млт) – Космос (Ест)
20.00 КМФ Велес (Мкд) – Футсамбас Наас (Ирс)