Свен Горан Ериксон кој своевремено седеша на клупата на репрезентацијата на Англија, го советува менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, да молчи кога ќе добие критики од медиумите.
Стратегот од Шведска потенцира дека тоа го извлекол како поука додека работел во екипите во Англија и во селекцијата на „Гордиот Албион“. Познато е дека Специјалниот во континуитет влегува во расправија со новинарите а последен пат тоа го направи по викенд-поразот на домашен терен од Тотенхем.
„Кога ќе добиеш критика од медиумите подобро е да молчиш. Единствен начин да се одбраниш е да направиш одлични резултати. Ако завојуваш со медиумите никогаш нема да победиш“ – потенцирал Ериксон.