Во рамките на ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите, денеска во Монако беа врачени и индивидуалните награди за најдобрите од минатата сезона. Очекувано или не, сите индивидуални награди заминаа кај фудбалери на Реал (М), со кои тимот мината сезона и третпат едноподруго дојде до европскиот трон.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – индивидуални награди
НАЈДОБАР ГОЛМАН: Кејлор Навас (Реал)
НАЈДОБАР ДЕФАНЗИВЕЦ: Серхио Рамос (Реал)
НАЈДОБАР ИГРАЧ ЗА ВРСКА: Лука Модриќ (Реал)
НАЈДОБАР НАПАЃАЧ: Кристијано Роналдо (Реал (М)