Фудбалерот од средниот ред на екипата на Стоук, Чупо Мотинг, најверојатно во текот на денешниот ден ќе го комплетира трансферот во францускиот шампион ПСЖ. Како што објавија француските медиуми, камерунскиот фудбалер ќе се пресели во шампионот на Франција како слободен агент.
Чупо Мотинг веќе пристигна во Париз, каде што денес ќе потпише договор со новиот клуб. Вреди да се напомене дека играчот е добро запознаен со актуелниот тренер на парискиот тим, Томас Тухел, под чие раководство настапуваше во екипата на Мајнц.
Камерунецот се пресели во Стоук од Шалке минатото лето како слободен агент. Во последната сезона на англиската Премиер лига одигра 30 натпревари и постигна 5 гол.