Чиле ќе биде без Алексис Санчез за претстојните пријателски натпревари против Јапонија и Јужна Кореја. Санчез е изоставен од репрезентација по барање на Манчестер Јунајтед.
најдобриот голгетер на Чиле со 39 гола во националниот тим нема да биде во списокот од 24 имиња кои селекторот Руеда ги повика за овие две контролни средби.
Отсуството на Алексис Санчез се должи на фактот дека неговиот клуб побарал Алексис да паузира за да не ја обнови мускулната повреда.