Нашиот фудбалски интернационалец Владимир Дади Димитровски се реши повторно да игра во Македонија, Димитровски се определи да го облече дресот на Работнички и повторно да го гледаме на фудбалските терени во Македонија.
Владимир Димитровски изминатите години беше дел од екипите на Керкира и Докса во Грција, а сега се договори со Работнички со кого потпиша договор до декември оваа година со можност за продолжување на соработката до крајот на сезоната.
„Мислам дека го одбрав вистинскиот клуб за мене во моментов, очекувам да продолжиме со добрите резултати и да се бориме за горниот дел од табелата како и секоја година,приоритет на клубот е излез во Европа“ ни изјави Димитровски.
Ова е втор пат во кариерата Владимир Димитровски да го носи дресот на Работнички, првиот пат беше во сезоната 2012/13 кога одигра само 13 натпревар. Во дресот на Макеоднија Димитровски има одиграно 4 натпревари.