Марко Асенсио имеша важна улога во победата на неговата екипа на мечот со Легањес и е задоволен од оваа победа на Реал Мадрид.
Шпанецот имаше две асистенции во успехот на европскиот шампион на синоќешниот натпревар. Реал Мадрид во моментов е на прво место во Ла Лига со максималните девет поени по 3 одиграни кола. Асенсио повторно зборуваше за трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус.
„Јуве ќе биде едно големо семејство, во Мадрид е исто така. Не знам дали ќе бидат подобар тим со него. Нашиот тим секогаш бил таков на теренот и надвор од него. Секогаш сме биле како една целина. Кога Кристијано беше кај нас , сме покажувале единство на теренот. времето ќе покаже дали Јувентус ќе биде подобар тим со Кристијано Роналдо. Во моментов сум задоволен како се одвиваат работите. коригиравме некои работи за време на паузата (на натпреварот со Легањес) и потоа направивме се што е потребно за да победиме”, изјави Асенсио пред медиумите по завршувањето на мечот со Легањес.