Убедливата и очекувана победа на Баерн Минхен во Штутгарт вчера се покажа посебна, бидејќи тоа впрочем беше победата број 400 на гостински терен во Бундеслигата.
Исто така ова беше 250 натпревар за Франк Рибери во германскиот тим, откако го засили баерн Минхен во текот на летото 2007 година. Од овие натпревари, Французинот беше победник на дури 184, што не може да се пофали ниту еден друг фудбалер. За споредба, Томас Милер морал да одигра 256 натпревари за да победи на толку меча.
За Роберт Левандовски пак успехот синоќа е број 100 во Бундеслигата. Полјакот се запиша во листата на стрелците и во ова второ коло, но заостанува зад Адам Шалај (Хофенхајм, 3 гола) на листата на најдобрите стрелци оваа сезона.
Четврта последователен сезона Левандовски постигнува голови во двата натпревари на стартот во Бундеслигата, што не беше постигнато пред тоа од друг фудбалер.
За прв пат од создавањето на Бундеслигата Баерн дојде до десеттата по ред победа како гостин против ист противник, им се реваншираа на фудбалерите на Штутгарт за срамниот пораз на домашен терен во последното коло од минатата сезона кога загубија со 1:4 на испраќањето на Јуп Хајнкес.