Фудбалерот од средината на теренот на римски Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ова лето сигурно ќе се преселеше во Јувентус, доколку торинскиот тим не ги потрошеше планираните средства за него за големото засилување од Реал (М), Кристијано Роналдо.
Според инталијанскиот печат, во јуни оваа година, Јувентус имал директни преговори со Лацио за трансферот на српскиот фудбалер, а како резултат на нив бил договорен трансфер вреден 80 милиони евра. Подоцна Лацио одби да го продаде Милинковиќ-Савиќ, а и Јуве доби понуда да го земе Роналдо.
Во моментов Милинковиќ-Савиќ е блиску до потпишување на нов договор со Лацио.