Крилниот играч на Барселона Малколм имал помала повреда. Бразилецот го повредил зглобот и ќе мора да одмора околу една недела.
За среќа, сега нема натпревари и тој ќе пропушти само неколку тренинзи на својата екипа. Малколм не беше повикан во репрезентацијата на Бразил, па затоа ќе има доволно време да закрепне пред продолжението на сезона.
Тој беше привлечен на „Камп Ноу“ ова лето од Бордо, но засега не може избори место во стартниот состав каде е одличен Осман Дембеле, Французинот покажа одлична форма во првите натпревари. Бразилецот влезе во игра само како замена на мечот со Ваљадолид.
Се верува дека тренерот Ернесто Валверде намерно не брза со форсирање на Бразилецот кој прво мора да се навикне на начинот на кој игра Барселона. Тренерот, сепак, беше импресиониран од неговата презентација во пред-сезонската турнеја и се очекува да му даде повеќе шанси и да биде во стартниот состав веќе на некој од следните натпревари.