Напаѓачот на фудбалскиот состав Манчестер Сити, Рахим Стирлинг, отпадна од составот на Англија за претстојниот натпревар со Шпанија кој е дел од Лигата на нации и воедно за контролниот дуел со Швајцарија.
Играчот има проблем со грбот кој нема да може да го санира до почетокот на двата натпревара. Селекторот, Герет Саутгејт, не планира да повика нов играч како негова замена. Тоа значи дека неговото место во стартниот состав ќе го добие Адам Лалана.
Англија денеска започнува со подготовките а селекторот Саутгејт внимателно ќе ја следи состојбата и на Хари Кејн, кој нема повреда, но, се жали на замор.