Карлос Моја кој е дел од тренерскиот штаб на тенисерот, Рафаел Надал, вели дека Шпанецот во наредниот меч на САД Опен не смее да го потцени Доминик Тим и дека не смее да ги повтори грешките кои му се случија на дуелите со Басилашвили и Хачанов.
„Рафа беше многу пасивен против Грузиецот и се обидуваше само да ги искористи грешките на противникот. Тој треба да мисли повеќе на неговите удари отколку да чека противникот да згреши. Навистина и топлото време влијае на неговата игра“ вели Моја.
„Верувам дека Надал сега ќе биде многу поагресивен бидејќи Тим ќе го принуди да го демонстрира најдобро за да продолжи напред. Мислам дека Надал не смее да го испраќа точето во центарот на полето на противникот бидејќи на тој начин Тим ќе може да ја контролира играта“ – изјави Моја.