Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, ги сменил правилата на однесување за играчите на неговиот тим. Според пишувањето на шпанска „Марка“, играчите во редовите на „фуријата“ сега немаат право да ја напуштаат локацијата на репрезентацијата за време на репрезентативните обврски. Порано репрезентативците добивале слободно време за да го поминат со пријателите или со своите семејства.
Покрај тоа, Луис Енрике им забранил на фудбалерите да користат гаџети додека одат на ручеци или додека патуваат на натпреварите.