Премиер лигата ќе го тестира системот „ВАР“ во 15 натпревари оваа сезона и ќе започне со него по паузата за натпреварите на националните тимови, објави „Скај Спортс“.
Судијската комисија на ФА има со цел да докаже дека системот е погоден за употреба во оваа лига, пред да ги презентира своите заклучоци на челниците на Премиер Лигата. Нивната намера е да биде спроведена оваа ВАР технологија на сите натпревари во Англија, односно Премиер лигата во следната сезона.
Првите тестови ќе се одвиваат истовремено на петте сабатни натпревари од претстојното коло на англиското првенство, кои започнуваат во 16 часот. Целта е да се провери дали видео асистентите можат да се справат со спортните одлуки од неколку натпревари одеднаш.
Тие ќе ги гледаат натпреварите во ВАР собата, но тие нема да ги предупредат главните судии за спорните ситуации. Оваа сезона во Англија, „ВАР“ технологијата е воведена само во одредени натпревари за ФА Купот и Лига Купот.