Искусниот фудбалер на Ливерпул, Џејмс Милнер, влезе во елитното друштво во премиер Лигата, откако стана само четврти фудбалер кој успеал да го стигне лимитот од најмалку по 100 одиграни натпревари за три различни тимови во англиската фудбалска елита.
Минатиот викенд тој беше дел од „црвените“ во победата над Лестер од 2:1 и на тој начин ја забележа 100-тата средба во дресот на Ливерпул. Претходно, тој го направи и како играч на Манчестер Сити и Астон Вила, а исто така имаше 48 натпревари и за Лидс.
Пред него тоа достигнување го направија и Герет Бери со Астон Вила, Манчестер Сити и Евертон, Рори Делап, со Дерби, Саутемптон и Стоук и Гери Спид кој беше играч на Лидс, Њукасл и Болтон.