И покрај тоа што досега нема постигнато гол на официјален натпревар Кристијано Роналдо продолжува да го дава својот придонес во зголeмувањето на вредноста на својата нова екипа.
Токму поради неговиот трансфер во италијанскиот шампион, акциите на Јувентус на берзата продолжува да растат и со тоа ефектот од трансферот на Роналдо го чуствуваат во Јувентус.
Вредноста на „старата дама” на берзата сега изнесува 1.343 милијарди евра, нов рекорд кој ја испрати во историја претходната максимална вредност на хартиите од вредност на клубот од Торино од јануари 2002 година, кога изнесуваше 1.3247 милијарди долари.
Во моментов една акција на Јувентус чини 1.409 евра наспроти 0,6190 евра на почетокот на јуни или 106,62 проценти повеќе по трансферот на Кристијано Роналдо.
Ова значи дека трансферот на „Златната топка” од Реал Мадрид за повеќе од 100 милиони евра од крајот на Светското првенство 2018 веќе се исплатеше многу пати.