Фудбалската асоцијација на Англија преговара со селекторот на оваа земја Герет Саутгејт за нов договор. Сегашниот договор за нивна соработка е со важност до 2020 година, но новиот предлог е за уште две години.
„Ми се допаѓа работата, ги сакам момците, се е фантастична, сè е совршено, имаме навистина добри играчи, но мојот фокус во моментов е за натпреварот со Шпанија”, изјави вчера Саутгејт.
Селекцијата на Англија вечерва е пред голем предизвик, ја пречекува репрезентацијата на Шпанија во првиот натпревар за двата тима во новата Лига на нации.