Поранешниот репрезентативец на Англија Џон Тери, кој е слободен агент, е на медицински прегледи во Рим, за да потпише договор со Спартак (Москва), според информации кои ги објави „Скај Спортс”.
37-годишниот фудбалер е подготвен да потпише едногодишен договор со московјани и ќе ја продолжи кариерата во оваа екипа. Џон Тери има неколку можности да ја продолжи својата кариера и во Англија и во странство.
Последниот клуб на играчот е Астон Вила, за кој тој одигра 36 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол, но имаше и една асистенција.