Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Луис Енрике, ја коментираше победата над Англија (2:1) во Лигата на нациите. Тој, исто така, ја изрази својата доверба во квалитетите на голманот Давид Де Хеа.
„Никогаш не сум се сомневал во Де Хеа. Како и секој друг, тој понекогаш може да прави грешки, но во него имаме еден од најдобрите играчи во светот. Јас сум сигурен за него. Ако се погледне статистиката, тој е најдобриот голман во светот“, смета Енрике.