Марио Балотели отпадна од составот на Италија во последен момент пред пријателскиот меч со Португалија вечерва.
Напаѓачот беше остро критикуван за настапот во контролниот против Полска пред три дена, а за дуелот со Португалците дури и не се најде во групата, а како можна причина се споменува мала мускулна повреда која ја заработи на натпреварот со Полска.
Балотели доби шанса за докажување од новиот селектор на “азурите” Роберто Манчини за првпат од Мундијалот 2014 година.