Раководството на Спортинг Лисабон има намера да го тужи Атлетико Мадрид за трансферот на Желсон Мартинс.
Португалците се незадоволни од некоректно однесување на шпанските колеги и фудбалерот кои потпишаа договор во текот на летото. 23-годишниот играч од средниот ред бил привлечен како слободен агент. Спортинг не се согласува со ова бидејќи Мартинс еднострано го раскинал договорот со клубот. Од Лисабон, бараат Атлетико Мадрид да им плати 45 милиони евра за Мартинс.
„Износот на надоместокот за Мартинс беше 100 милиони евра, но ние бевме подготвени да го прифатиме предлогот од 45 милиони”, изјави поранешниот претседател на Спортинг Соуса Синтра.
„Јасно им кажавме на колегите од Атлетико дека ќе ја направиме и последната опција. Сигурен сум дека нема да загубиме во судот. Нашите адвокати се убедени во победата. Работите многу зависат од новото раководство на Спортинг и нивните активности”, додаде Соуса Синтра.