Арсенал преговара со дефанзивецот Начо Монреал да го продолжи договорот. Тоа е она што самиот фудбалер го изјави во интервју за „Скај Спортс“.
Овој шпански дефанзивец има договор кој му завршува на крајот од оваа сезона, што значи дека може да потпише прелиминарен договор со секој тим во јануари и кој ќе може да стапи во сила следното лето.
Сепак, желбата на играчот е да остане на „Емирати“. „Во моментов преговарам со клубот за нов договор и секогаш велев дека сум многу среќен тука и ќе бидам среќен доколку продолжам да играм за Арсенал што е можно подолго”, изјави Монреал.
„Дојдов пред неколку години и имам одлични односи со сите во клубот каде сакам да играм најмалку 6-7 години. Мојата цел е да останам на терен до 40 години. Тоа е мојата идеја како целина и што е најважно јас сум во многу добра физичка состојба” заври дефанзивниот играч.