Менаџерот на Евертон Марко Силва има огромни кадровски проблеми пред домашниот натпревар против Вест Хем во англиската Премиер лига оваа недела.
„Карамелите” можат да бидат без 12 фудбалери кои ќе бидат отсутни за средбата со „чеканите” која се игра во недела од 17 часот.
Бразилскиот голгетер Ричарлисон ќе пауза на првиот од трите натпревари казна по директниот црвен картон против Бурнемаут (2:2) во третото коло. Тео Волкот има проблем повреда, а Доминик-Калверт Левин заработи повреда зглобот во натпревар на младинската репрезентација на Англија до 21 години.
Повредени се уште Џејмс МекКарти, Мајкл Кин, Фил Јагиелка и Андре Гомеш. Идириса Геј продолжува да се опоравува од повредата на коленото, а младиот Бени Бенингам има проблем со зглобот. Јери Мина исто така е во аут поради повреда на зглобот. Бразилецот Бернард пак страда од повреда на мускулот додека Шејмес Колмен има кондициони проблеми.