Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Дејвид Силва, изјави дека сака да ја заврши неговата кариера во неговиот дом, Лас Палмас. Тимот испадна од Ла Лига минатата сезона и сега игра во Сегунда дивизија.
„Останувам со Манчестер Сити уште две години. Не знам што ќе се случи потоа, но се зависи како ќе се чувствувам физички и ментално. Јас секогаш сум сакал да ја завршам мојата кариера во Лас Палмас. Прво ќе играм во следните две сезони во Англија и потоа ќе одлучам каде да продолжам со мојата фудбалска кариера“, изјавил Силва.
Шпанецот се приклучи на редовите на “граѓаните” во 2010 година од Валенсија, а пред тоа помина неколку сезони како изнајмен во Еибар и Селта.