Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека неговите избраници нема да го фаулираат често Нејмар и дека нема да му дадат шанса да ги прави препознатливите превиткувања на теренот.
„Црвените“ денеска ќе го пречекаат ПСЖ на стартот на групната фаза на Лигата на шампионите а токму Бразилецот во францускиот тим треба да биде најголема закана кон нивниот гол. Сепак, германскиот менаџер вели дека неговите играчи не планираат често да го фаулираат Бразилецот.
„Реакциите на Нејмар се нормални бидејќи противниците се фокусираат кон него. Ние нема да се однесуваме така туку ќе играме фудбал и ќе се обидеме да ја освоиме топката“ – вели Клоп.