Дефанзивниот фудбалер на Реал Мадрид, Марсело, по средбата со Атлетик Билбао во шампионатот на Шпанија, изјави дека на екипата не и недостасува само Роналдо (замина во Јуве) туку и многу други кои оставиле печат во тимот.
„Навивачите сигурно се сеќаваат на Раул, Зидан, Касиљас…“, одговори Бразилецот и продолжи: „Разочарани сме од ремито. Мислам дека бевме подобриот тим и заслуживме да славиме. Имавме многу шанси за победа, но, понекогаш среќата ќе ви го заврти грбот“, заврши Марсело.
„Кралевите“ по четири кола во Примера се наоѓаат на второто место на табелата со два бода помалку од Барселона.
