Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е најсериозен кандидат за ангажман на мексиканскиот интернационалец, Ирвинг Лозано од екипата на ПСВ Ајндховен.
Крилниот играч остави одличен впечаток на Светското првенство во Русија а подолг период е еден и од најдобрите фудбалери на холанскиот тим.Тренерот на англискиот тим, Жозе Мурињо, ќе испрати понуда од околу 30 милиони евра и ќе се обиде да го убеди Мексиканецот да се пресели на „Олд Трафорд“.
23-годишниот Ирвинг Лозано пристигна во ПСВ Ајндховен во 2017 година и досега на 34 средби постигна 21 гол.