Италијанските медиуми на големо пишуваат за мечот во Белград, меѓу Црвена Ѕвезда и Наполи. А еден од нивните соговорници за анализа пред овој натпревар е легендарниот поранешен фудбалер на Црвена Ѕвезда Роберт Просинечки.
Актуелниот селектор на БиХ признава дека Наполи е фаворит, но гледа надеж и за Црвена Ѕвезда.
„Ова е натпревар во кој е многу важна страста со која влегуваат играчите. Црвена Ѕвезда прв пат игра натпревар од ЛШ. За клубот и навивачите е ова многу емотивен момент. Наполи ќе мора да биде многу претпазлив во почетната фаза од средбата“ вели Просинечки во изјавата за медиумите од Наполи.
„Нема сомневања дека Наполи е посилна екипа и дека е фаворит. Тоа е точно, но Црвена Ѕвезда е тим кој има своја гордост, а и играњето во Србија не е така лесно како што мислите. Секако квалитетот не е ист како во времето кога ние ја освоиевме шампионската титула, но исто така и не е толку лош за Наполи да ја потцени Црвена Ѕвезда“ заврши Просинечки.
Натпреварот Црвена Ѕвезда – Наполи се игра вечерва од 21 часот на стадионот „Рајко Митиќ“ кој е распродаден во целост и се очекува супер атмосфера, а за неа ќе имате можност да слушате низ нашата програма.