Тимот на Тотенхем направи голем број на импресивни резултати под водство на Мауисио Почетино, но синоќа, Тотенхем ја забележа својата најлоша серија под водство на Аргентинецот.
Поразот од 1:2 на гостувањето кај Интер во Лигата на шампионите е трет последователен за оваа екипа по поразите од Ватфорд и Ливерпул во Премиер лигата, кои беа со истиот резултат. За првпат ова се случува со лондончани откако Почетино ги презеде тимот во 2014 година.
За последен пат, таква серија порази Тотенхем имаше под водство на Тим Шервуд во март истата година. Тогаш екипата загуби 0:4 од Челзи, потоа 1:3 против Бенфика во Лигата на Европа и беа поразени од Арсенал 0:1 во дербито на северен Лондон. Тимот ќе се обиде да ја прекине оваа црна серија во сабота при гостувањето кај Брајтон во Премиер Лигата.