Луѓето од англискиот фудбалски состав, Вулверхемптон, испратиле и официјална понуда до екипата на ЦСКА за купување на интернационалецот од Гана, Едвин Џеси, објавија денеска медиумите на островот.
Британците за крилото понудиле околу 700.000 фунти на што од клубот одговориле дека Џеси ќе може да си замине, но, дури на крајот на сезоната. Тоа значи дека „Армејците“ ќе го одбијат првичниот предлогот и ќе очекуваа далеку подобра понуда.
Според медиумите, уште еден англиски состав – Брајтон, исто така, е заинтересиран за услугите на Џеси, кој се вбројува меѓу топ 3 играчите во ЦСКА.