Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сигурно ќе остане во историјата на клубот со 100-те бодови со кои “граѓаните” ја освоија минатата сезона во Премиер лигата, но исто така ќе остане запаметен и по еден неславен рекорд.
Имено, Пеп стана првиот менаџер на англискиот тим со 4 последователни порази во Лигата на шампионите.
Синоќешниот изненадувачки пораз на домашен терен од екипата на Лион беше четвртти во низа кој „граѓанит“ го загубија, како и претходните три од минатата сезона.