Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри смета дека директниот црвен картон за Кристијано Роландо на натпреварот од Лигата на Шампионите против Валенсија беше погрешна судиска одлука, а системот за видео-контрола ВАР можеше да биде корисен на судијата во конкретниот случај.
Роналдо беше исклучен во 29. минута на мечот, откако главниот судија Феликс Брих му покажа црвен картон за удар врз противнички фудбалер, по што Италијанците останаа со играч помалку на теренот, но на крајот повторно победија со 2:0.
„Можам само да кажам дека во овој случај ВАР системот можеше да им помогне на судиите да донесат правилна одлука. Да останеме со 10 играчи на на ваков начин е разочарувачки. Роналдо ќе ни недостасува во следниот натпревар“, прокоментира тренерот на Старата Дама.