Со свечена седница која беше одржана во „Центарот за култура“ во Општина Ѓорче Петров денеска беше одбележан „Денот на Општината“ , кој се одржува по пповод одбележувањето на 102 години од постоењето на населеното место Ѓорче Петров и 22 години од постоењето на локалната самоуправа на Општина Ѓорче Петров.
На седницата за историјатот на Ѓорче Петров зборуваше претседателот на советот на Општина Ѓ.Петров г-дин Илија Спасовски, а исто така беа доделени голем број на благодарници и признаниеја на оние кои оставиле белег во постоењето на Ѓорче Петров.
Градоначалникот Александар Наумовски ги поздрави сите присутни гости од збратимените општини , го искажа звоето задоволство што е на чело на една општина која од ден на ден се развива и прераснува во важен сегмент од градот Скопје.
На свечената седница беа доделени голем број на благодарници и награди на најуспешните во неколку области , како и во спортот и образованието, а притоа по повод оваа годишнина и „Денот на Општината“ беше промовиран документарниот филм „Лична карта- Приказна за Ѓорче“ во кој е опфатена целата историја на Ѓорче Петров од неговиот почеток до денес.
Во рамките на одбележувањето на „Денот на Општината“ деновиве се одржува манифестацијата „Звуците на Културата“ низ која со културно, забавна програма се одбележува овој љубилеј.